Висок функционер на СДСМ: Потписите на 61 пратеник не вредат ни 5 банки

Членот на највисокото раководство на СДСМ и екс градоначалник на Карпош Стефан Богоев смета дека потписите на пратениците што се потпишаа на иницијативата за интерпелација не вредат ни “пет пари”.



Во телевизиската дебата на Клик Плус на ТВ21 претставникот на СДСМ Богоев, коментирајќи ја иницијативата на опозицијата за владина интерпелација, рече дека доставените потписи до сликарот на Собранието не вредат ни 5 банки.

Според него ова е сериозна работа и не се прави со ставање на парче хартија некои потписи кои не вредат ништо, пренесуваат медиуми на албански јазик.

“Иницијативата за интерпелација што ја покрена опозицијата која пропадна беше смешен чекор, оваа работа е сериозна и не се прави така, ставање некакви потписи на бела хартија кои не вредат ни 5 банки, ова е сериозна работа и не треба да биде сторено на тој начин, има процедури и има правила”, изјави Богоев кој е член на Извршниот одбор на СДСМ во „Клик плус“ на Тв21.

Емисијата на овој линк

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/434314818108896/