Претседавачотт на Претставничкиот дом на САД, Кевин Мекарти изјави дека не планира да ја посети Украина откако украинскиот претседател Володимир Зеленски упати покана, објави Си-Ен-Ен.
Во телевизиско интервју, Зеленски побара од Мекарти, републиканец, лично да се запознае со ситуацијата во Украина.
„Господине Мекарти, тој треба да дојде овде да види како работиме, што се случува овде […] Потоа направете ги своите претпоставки“, рече Зеленски во интервјуто за Си-Ен-Ен.
САД обезбедија помош од речиси 32 милијарди долари за Украина откако руските трупи извршија инвазија на 24 февруари 2022 година, но некои републиканци се противат на испраќање повеќе средства.
Запрашан за поканата на Зеленски, Мекарти изјави за Си-Ен-Ен дека нема потреба да патува во земјата и дека ќе добие информации на други начини.
„Ќе продолжам да ги добивам моите брифинзи и работи, но не морам да одам во Украина или Киев за да го видам тоа“, изјави тој за телевизијата.







