Висар Вишка: Училиштата треба да носат имиња на научници, писатели, а не…

Познатиот македонски актер од албанска националност и директор на Гостиварскиот театар, Висар Вишка, е против новите имиња на училиштата во Чаир кои се преименувани во „Имри Елези“ и “Исмаил Кемали“ – едниот припадник на УЧК а другиот политичар.



„Знам дека зборувам со луѓе од минатиот век, но … училиштата треба да носат имиња на научници, наставници, писатели и поети…

Има многу објекти, паркови и улици и сл., кои би биле почестени со имињата на политичарите и маченици.

Малку повеќе почит за интелигенцијата и … логиката. Да. Логиката.“, стои на Фејсбук статусот на Вишка.

https://www.facebook.com/visarvishka1/posts/10157070894185814