Признавање на македонското малцинство и јазик и воведување на македонскиот јазик во образовниот систем на Грција е една од главните цели на партијата „Виножито“ која денеска во селото Горно Врбени – Леринско, го одржа третиот конгрес.
Партијата, до грчките власти ќе испрати и петиција за признавање на македонскиот јазик и воведување во државните училишта, дознава МКД. МК.
Во однос на Договорот од Преспа, Виножито останува на ставот дека е против каква било промена на уставното име на Република Македонија, но не и против дијалогот помеѓу двете држави.





