Апелацискиот суд во Скопје ја преиначил пресудата за сообраќајката кај „Млечниот ресторан“ во Скопје во октомври 2018 и наместо условна казна одлучила виновникот да добие две години затвор и исто толку забрана за управување возило.
Во гостувањето на ТВ 24 ова го соопшти министерот за правда, Бојан Маричиќ, потенцирајќи дека информацијата треба да се потврди и официјално, пренесе
„Денес дознав дека Апелацискиот суд донел одлука со која ја преиначи одлуката за случајот ’Сообраќајката кај Млечен ресторан‘ и дал 2 години ефективен затвор и две години забрана за управување со моторно возило. Не знам дали е точно, ќе потврдат, информацијата ја добив од луѓе кои се информирани“,рече Маричиќ.
Во сообраќајката пред нешто повеќе од две години настрада млад брачен пар кој се возел на мотор по булеварот „Теодосиј Гологанов“ откако во нив удри автомобил. Загина младиот Гоце Димитриевски, а неговата сопруга, Наташа, го загуби плодот и заврши со тешки повреди.






