Винегин: Ветото за Македонија во ЕУ останува бидејќи „нема напредок“

Во моментов Бугарија нема причина да го укине ветото за старт на преговорите за членство на земјава во ЕУ, бидејќи до „денешниот датум не е постигнат никаков напредок“ вели потпретседателот на бугарското Собрание, Кристиан Вигенин.



„Денеска немаме причина да кажеме дека треба да се укине ветото. Ако ништо не се случи, нема шанси да го укинеме ветото. Ние мора да ги оствариме нашите цели“, тоа е ставот на БСП“.

Пратеникот на БСП и поранешен министер за надворешни вели дека социјалистите ја поддржуваат идејата Румен Радев пак да го свика бугарскиот Консултативен совет за национална безбедност околу темата за Македонија, бидејќи тоа прашање е „доволно контроверзно“ и само претседателот на Бугарија може да ги собере сите партии на една маса за да разговараат за тоа.

На прашање дали бугарското Собрание би требало да донесе нова декларација во врска „со прашањето за Република Македонија“, Вигенин вели дека не знае дали е време за нешто такво, во услови кога нема нов момент во однос на темата.