Советот на јавни обвинители ќе ја повика обвинителката Вилма Русковска да даде отчет за своето однесување откако со СМС порака им се заканила на судиите од апелација со финансиска истрага, откако тие одлучија затворскиот притвор на поранешната специјална обвинителка Катица Јанева, да биде заменет со домашен. .
Ова за Телма го потврди претседателот на советот Ацо Колевски.
Апелација ова го смета за преседан, а осуда за однесувањето на Русковска стигна и од Судскиот совет.




