Откако минатиот викенд го удри водителот Крис Рок на сцената на Оскарите, Вил Смит во изјавата во петокот рече дека дал оставка од Академијата за филмски уметности и науки, објави Си-Ен-Ен.
„Се повлекувам од Академијата за филмски уметности и науки и ќе ги прифатам сите понатамошни последици што Одборот ќе ги смета за соодветни“, рече Смит во соопштението. Решен сум да ја работам мојата работа за да се погрижам никогаш повеќе да не дозволам насилството да го помести разумот“, рече Вил Смит.
Дејвид Рубин, претседател на Академијата за филмски уметности и науки, во соопштението во петокот рече дека организацијата ја примила и ја прифатила „непосредната оставка“ на Смит и најави дека продолжува дисциплинска постапка за прекршување на Стандардите на однесување на Академијата пред следниот закажан состанок на одборот на 18 април.
Дисциплинските мерки на академијата вклучуваат суспензија или исклучување, како и „други санкции …“
Со поднесување оставка, Смит повеќе нема да може да гласа за филмови номинирани за Оскар секоја година. Сепак, неговите дела ќе бидат подобни за рецензија и номинација за Оскар.






