Претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, и политичките лидери викендов најверојатно ќе имаат средба со премиерот Алексис Ципрас околу последниот развој на преговорите за спорот со името, по неговата средба со македонскиот премиер Зоран Заев.
Според владините извори, предуслов за договор е името да биде erga omnes и да има уставна ревизија.
Се истакнува дека ова последното е предуслов за членство на северниот сосед во меѓународните организации – ЕУ и НАТО.





