Во трите дена од продолжениот „Викенд ез ДДВ“ бенефит ќе имаат имаат само граѓаните кои скенираат фискални сметки, односно ја имаат апликацијата „Мој ДДВ“.
Граѓаните кои ќе купат македонски производи ќе добијат поврат на ДДВ од 18 отсто, но и за ИТ опрема за што данокот на додадена вредност изнесува 5%.
Граѓаните може да направат поврат на ДДВ на вкупна сума на сметки до 30 илјади денари.
„Системот овозможува по автоматизам за делот од 25 илјади денари да ви се врати, доколку станува збор за македонски производи, цел износ на ДДВ, а за другиот дел од разликата кои не се домашни производи, повратот ќе биде според редовниот поврат на ДДВ“, рече Фарук Омери, в.д. директор на УЈП.
Попладнево, пратениците го донесоа Законот за „викенд без ДДВ“. Оние кои на 10, 11 и на 12 октомври ќе купат домашни производи и услуги, но и компјутерска ИТќе го добијат повратот на ДДВ во следните 15 дена.






