Јарсма: Бидете сигурни дека Брисел ќе сака да знае зошто и како е ослободен Мијалков

Холандскиот дипломат и експерт за Западен Балкан и проширување на ЕУ Раинер Јарсма е сигурен дека европските центри на моќ ќе сакаат да знаат како се случи поништувањето на случајот во кој се гонеше екс шефот на УБК од страна на Апелациониот суд.



За ЕУ овој процес е означен како главен предмет кој се води во Македонија и затоа земјите членки ќе бараат одговори.

,,Случајот „Таргет-Тврдина“ беше истакнат во извештајот на ЕУ за Македонија 🇲🇰 за 2021 година, каде што беше означен како „суштински случај“. Бидете сигурни дека Брисел, Берлин, Хаг и други ќе бидат заинтересирани за „процедуралните пропусти“ кои доведоа до поништување на пресудата”, порачува Јарсма кој важи за одличен познавач на состојбите во ЕУ и во регионот.