По 127 години работа, кафамната „Вестенд“ во Виена ги затвора вратите.а преичина се рестриктивните мерки во изминатите две години поради Ковид-19 пандемијата. .



Кафиќот, отворен во 1896 година, се затвора поради неможноста да се надминат повисоките фиксни трошоци.

Кризата со корона, високите цени на енергијата, како и високите фиксни трошоци ги принудија кафулињата да преземат радикален чекор за затворање, напиша главниот уредник на магазинот „Фалтер“, Флоријан Кленк.

Тој апелираше до властите во Виена да не го дозволуваат тоа, бидејќи „Вестенд“ е еден од знаците на градот.

Засега се уште не е соопштено кога ќе биде последниот ден од работа на кафулето „Вестенд“, кое е само еден од низата угостителски објекти кои повеќе не можат да опстанат во се потешки околности.