Видливо отсуство на врвни интелектуалци, бизнисмени, верски лидери и новинари на новогодишната забава на владеачката СДСМ (ГАЛЕРИЈА)

Како никогаш предходно за една партија на власт вчера беше видливо отсуство на врвни интелектуалци, бизнисмени, верски лидери и новинари на новогодишната забава на владеачката СДСМ.



Од објавените фотографии на партијата не може да се види ниту едно врвно име од науката, бизнисот, верскиот живот и новинарството на новогодишниот прием на СДСМ.

На објавените фотографии можат да се видат само партиски функционери и членови како и претставници на партиите од коалицијата предводена од СДСМ.

Неприсуството на влијателни луѓе од јавниот живот на собирот на СДСМ може да значи дека партијата ја нема поддршката од влијателни имшочитуваи луѓе надвор од партискиот корпус што е катастрофален сигнал за лидерот Ковачевски и раководството на партијата во пресрет на претседателските и парламентарните избори закажани за Април и Мај идната година.

Дел од галеријата објавена од СДСМ

Сите фотографии од настанот на Фејсбук на страната на СДСМ на овој линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02pgNKa4PRvfZ2YygwBQkTiKt7BRJzEigQECt8ZFe6TeCfSfz6ou8hNmQnn5r26Gggl&id=100044445038982