Види Вака: Палевски многу пати го кршел законот но не одлежал ниту еден ден (ВИДЕО)

Осомничениот убиец на малата Вања и пензионерот Панче Жежовски, Љупчо Палевски – Палчо во повеќе наврати го кршел законот, но не одлежал ниту еден ден затвор.



Ова е дел од анализата на видео сервисот Види Вака од каде го анализираат (не)законското однесување на Палевски кој во необјасниви околности секогаш се вадел од правни ситуации кои за обични смртници најчесто завршуваат со судски пресуди и затворски казни.

Според анализата Палевски првиот сериозен судир со законот го имал пред цели 23 години.