Дел од видеото од дебатата на Телма во траење од нешто над 6 минути што треба да се види за да си ги проверите нервите и ставовите.
Во видеото се води жестока битка за барањата на Грција во спорот за името. Од една страна се водителката Оливера Трајковска и експремиерот Бучковски а од друга професорот и амбасадор Јован Донев.
Професорката Ванковска тврди дека видеото било избришано од Јутјуб од страна на ТВ Телма поради настапот на Донев а телевизијата тврди дека тоа не е точно.
Ова е само дел од видеото што сега целосно може да се најде на страната на телевизијата.





