Членството на Алијанса за Албанците, приврзаниците на претседателот Таравари вечерва се собра во Куманово. Министерот Азир Алиу кој утре ќе го разрешуваат во Собрание рече дека партијата не се растура туку само има дел од членовите кои биле “дуисти”. Најмалку 500тина членови се присутни на средбата. Тие изразија поддршка кон Таравари.
Расколот во Алијанса ја подели партијата на два дела, Алијанска предводена од претседателот на партијата Арбен Таравари и Алијанса која дава поддршка на политиките на екс претседателот Зијадин Села.






