(ВИДЕО) Судијка на предмет кој може да стигне до Спасовски: Селективна правда, обвинителството намерно не гони дел од службените лица (ВИДЕО)

На социјалната мрежа Твитер се појави видео на кое судијката од Скопскиот кривичен суд Оља Ристова зборува за селективна правда и за обвинителски пристап во кој обвинителството свесно не ги гони сите службени лица од непознати причини.



Оља Ристова е судијката го судеше случајот Двојник каде санционираше издавање на 215 Македонски пасоши од страна на службеници на на меѓународни криминалци.

Во периодот кога ја дава изјавата Ристова нема други предмети со полициски службеници.

Според изјавата на судијката која го судела Двојник, полицијата и обвинителството селективно подготвувале предмет во кој намерно изоставиле “дел од службените лица”.

Таа смета дека овој проблем може да се речи со ревизија на предметите затоа што судиите не можат да додаваат обвинители откако обвинителите ќе го дадат предметот.

Во случајот Двојник беа осудени повеќе лица кои изготвување и учествувале во издавање на вистински македонски пасоши на криминалци но не беа осудени луѓе од врвот на МВР од каде морале да знаат за криминалот.

Со изјавата судијата Ристова индицира дека обвинителот намерно изоставил високи службеници на МВР во истрагата која според многумина можеше да доведе и до врвот на МВР можеби и до министерот Спасовски.

Предходно државниот обвинител Љубомир Јовески го одзеде овој предмет од обвинителството за организиран криминал на Вилма Русковска и го даде на Скопското основни јавно обвинителство со образложение дека имале преголем обем на работа.

Според судијката Ристова токму од ова обвинителство не ги донеле сите инволвирани во случајот и подоцна со селективна правда неа гонети само дел од пониските полициски службеници.

Ако се поврзе изјавата на Ристова со тоа што сега Јовески ја суспендира Русковска може да се заклучи дека државниот обвинител повторно се обидува да спречи истрага да дојде до врвот на МВР односно до министерот Спасовски.

Русковска е суспендирана една недела пред да почне распит на сведоци за случајот Беса транс каде Спасовски три месеци чувал документација во фиока.

Видеото со судијката Оља Ристова