Афија Равмановска, вработена во Министерство за финансии, на социјалната мрежа ТикТок снимила видео клипчиња од канцеларија, а снимките на кои се гледа како игра и се забавува во работно време, станаа хит на социјалните мрежи.
Таа преку својот профил на Фејсбук се извини за видеата, правдајќи се дека ги снимила откако завршиле нејзините работни обврски минатата недела.





