Видео на интернет може да биде клучно во истрагата против Рашковски

Видео објавено на интернет може да биде клучно во истрагата против екс генералниот секретар на владата Драги Рашковски што го води Обвинителството за организиран криминал, објави пред малку новинарот на емисијата “Заспиј ако можеш” на Алфа Телевизија Горан Момироски.



Според Момироски во видеото Рашковски кој вчера се повлече од местото советник за мониторинг на стратешки проекти на владата го брани својот патент Уред за контрола и безбедност на собраќајот.

Дали видеото ќе биде објавено Момироски најавува дека ќе реши откако ќе се консултира со правни експерти.

Новинарот и колумнист на expres.mk најавува повеќе детали за вечерашното издание на Заспиј ако можеш на Алфа во 22.30.

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10225694520732595&id=1317270620