Не запираат реакциите по исвиркувањето на водителката на прославата на Рамковниот договор кога таа почна да зборува на македонски јазик.
Пратеникот и шеф на собраниската комисија за контрола на службите за безбедност Љупчо Пренџов кој е дел од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ утринава посакува добро утро на сите граѓани освен на Артан Груби од кого бара извинување и објаснувања.
Пренџов го нарекува Груби вицепремиер за ништо, најверојатно затоа што тој нема конкретна област која ја контролира или менаџира во владата.
,,‼️Од Вицепремиерот задолжен за ништо во владата, очекувам до пладне да ѝ се извини на македонската јавност за исвиркувањето на македонскиот јазик на прославата која тој ја организираше со народни пари.
‼️ Очекувам и комплетна информација за тоа кој свиркал, зошто свиркал и кој ги поткнал да го прават тоа⁉️
✅ Во оваа држава даноци плаќаат и Македонци и Албанци, но и Турци, Власи, Роми, Срби…
✅ Настани организирани со народни пари (од сите) кога ќе завршат на начин како овој деновиве, несомнено мора некој да сноси МОРАЛНА И ПОЛИТИЧКА ОДГОВОРНОСТ‼️
🗣 Ајде Артане покажи ги твоите ЕУ вредности со тоа што ќе поднесеш оставка и ќе дадеш пример на твоите другарчиња од прославата која ТИ ја организираше, дека такви девијантни појави не смеат да се случуваат во “едно општество за сите”, пишува Пренџов до Груби кој два дена по инцидентот не покажа морална одговорност за свиркањето на македонскиот јазик на владината прослава вредна 100 илјади евра.






