Пет месеци откако стана вицепремиер за борба со корупција генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски најавува дека дури во иднина ќе почне да ги контролира владините функционери и директори поради кои Македонија дојде на рекордно високо ниво на корупција според листата на Транспаренси интернешенел.
Со постот на социјалните мрежи Николовски признава дека досега не им дишел во врат односно не ги проверувал функционерите дали крадат, местат тендери и дека тоа ќе започне во иднина.
Николовски не кажа точно кога ќе почне да дише во врат.
“Нема веќе расипништво, ќе им „дишам во врат“ на сите , во секоја институција и секој директор, или ќе имаме чесни функционери или нема да бидат на позиција”, напиша Николовски во чиј мандат како владин функционер одговорен за корупција Македонија стана полоша од Бангладеш и Косово.
Николовски не најави дека ќе даде оставка за дебаклот со корупцијата.





