Вицепремиерот за корупција нема време да напише мислење за Националната стратегија

Иако седницата на собраниската комисија е закажана за понеделник 08.02.2021, до денес, петок, 05.02.2021, на веб страната на Собранието https://sobranie.mk/materialdetails.nspx?materialId=89bf46ed-05c4-4e16-bc9b-2abd323af469 се уште го нема прикачено МИСЛЕЊЕТО на Владата за Националната стратегија за спречување на корупција и судир на интереси 2021 – 2025.



Со оглед на тоа што веќе нема време за поднесување мислење до понеделник тоа значи дека повторно нема да има седница за ова прашање кое се наметна како примарно по катастрофалниот извештај на Транспаренси интернешнел на кој сме на 111 место во светот по корупција

Вицепремиерот Љупчо Николовски пред два дена јавно напиша дека ќе им дише во врат на сите владини функционери кои можат да прават корупција, но нема време да седне и да напише мислење и да го испрати во Собранието за да може да се усвои Националната стратегија.

Народно кажано се повтори уште еднаш поведението на власта која најдобро се објаснува со народната изрека “Едно зборат, друго прават”.