Ги воочивме проблемите и се зафативме со нивно решавање, продолжуваме со засилена акција против корупцијата, порачав денеска во гостување на Утрински брифинг.
Ова утрово го напиша вицепремиерот за битка со корупција Љупчо Николовски и веднаш откри во што се состои акцијата.
Според тоа што го пишува проблемите на македонската корупција се во софтверот, просториите и буџетот на Антикорупциската комисија.
Николовски зборува за ДКСК но не најави ниту една друга акција од него како одговорен во владата за сузбивање на корупцијата според која сме на катастрофалното 111 место од 180 земји во светот.
'Ги воочивме проблемите и се зафативме со нивно решавање, продолжуваме со засилена акција против корупцијата.' – порачав денеска во гостување на Утрински брифинг. pic.twitter.com/Gw6t1oWbmp
— Ljupcho Nikolovski (@lj_nikolovski) February 9, 2021





