Вицепремиерот што работи 16 часа на ден почна да работи и во недела навечер

Вицепремиерот за корупција и криминал Љупчо Николовски кој се правдаше дека во Дубаи заминал на продолжен викенд затоа што работел по 16 часа на ден вечерва со нов твит докажа дека дури и во недела неговиот работен ден трае 16 и повеќе часови.



Николовски на Твитер во недела навечер по 21 часот меѓу другото од непознати причини споделува и општопознати информации кои што ги знаат сите граѓани и кои што можат лесно да се проверат на интернет а кои се дел од македонското законодавство со децении.

Покрај најавата за воведување законска обврскa за пријавување имотна состојба за сите вработени на раководни позиции во јавниот сектор, Николовски објавува и познати членови од актуелни закони кои што сега е прашање дали важат за голем дел од функционерите на неговата партија како Драги Рашковски или Ден Дончев за кои тој не поднесе никаква претставка или кривична пријава до институциите.

“❗️ Секој што ќе ја злоупотреби службената положба за стекнување лична корист и материјално ќе ги оштети граѓаните и државата ќе биде санкциониран!”, пишува Николовски за настани што ќе се случуваат во идно време без да каже што е со криминалот и корупцијата на неговата влада кои веќе се случиле.

Овој цитат на Николовски е дел од членот 353 од Кривичниот законик кој важи и во последните 4 години колку што Николовски и СДСМ се на власт и немало причина тој и досега да биде спроведен од владата каде тој е вицепремиер за корупција.