Вицепремиерот Груби објави слики на кои носи патики од 790 евра

Вицепремиерот Артан Груби на својот Фејсбук профил објави фотографии од кои се гледа дека носи патики вредни фантастични 790 евра.



Патиките се од брендот за висока мода Прада и на интернет можат да се најдат со цена меѓу 774 евра и 1100 долари.

Груби на фотографиите се слика со членови и директорот на Националниот Ансамбл на Албанските Народни Песни и Ора на кои им честитал прво место освоено на 27-то издание на меѓународниот фестивал “Дуна Карневал“ во Будимпешта.

Најголем дел од вработените во националниот ансамбл имаат плата колку една од патиките на Груби или колку половина од вредноста на двете патики Прада кои ги носи вицепремиерот.

Последна вест

Кој ја лаже јавноста, премиерот или пратеникот?

Милошоски тврди дека Ковачевски знаел за контроверзниот француски предлог кој е на штета на Македонија