Вицепремиерот Битиќи го пријави имотот, откако беше опоменат од Антикорупциска

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи го објави Анкетниот лист со податоци за својата лична имотна состојба и таа на неговите најблиски, откако за тоа беше опоменат од Државната комисија за спречување на корупција, јави Фактор.



Битиќи од 2014 поседува куќа во Скопје од 343 метри квадратни во вредност од 17,22 милиони денари. Од возило, поседува Фолксваген T-ROC од 1,2 милиони денари а произведено во 2018. Има и два кредити кои му истекуваат во 2040, од кои едниот од 3, а другиот од 1,5 милиони денари. Сопругата на Битиќи поседува возило Мерцедес Е220, произведено во 2018, со вредност од 1,8 милиони денари, а има и сопственички удел од 310.000 денари.