Просветен инспектор во пензија тврди дека вицепремиерката за добро владеење Славица Грковска цел месец не прави ништо против владин функционер кој го злоупотребува законот за лични цели и го крши владиниот кодекс на однесување.
,,Грковска, со оглед на фактот што го водите ресорот и сте заменик на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, односно поедноставно кажано за ценетите читатели, сте за борба против криминалот и корупцијата на поставени владини функционери, министри, комисии, па така за неполн месец дена Ви доставив преставки за сомнеж за злоупотреба на службена должност.
Првата преставка е доставена на ден 19.09.2022 година, преку архивата на Владата, а се однесува за владин функционер кој во службени простории во МВР спроведува настава и испити. За ова зошто молчи министерот Оливер Спасовски или затоа што е од Куманово? Наместо да добијам одговор од г-ѓа Славица Грковска има молк?!”, обвинува Ѓорѓи Илиевски поранешен просветен инспектор познат по војна против државните службеници кои ја злоупотребуваат моќта и образовни фактори кои го кршат законот.
Повеќе на овој ЛИНК






