Славица Грковска, заменичката на претседателот на Владата задолжена за политики за добро владеење, за Дојче Веле вели дека министерот Бујар Османи е должен да ја информира јавноста дали 28-годишната Бесмира Ејупи е вработена во македонското МНР и зошто била избрана за таква позиција.
Стоилковски: ТВ презентерката се вработи во МНР
„Според членот 9 од Кодексот за етичко однесување на членови на Владата, Османи е должен да одговара на прашања на јавноста за аспекти од работењето на институцијата со која раководи.
Министерот за надворешни работи има обврска да биде транспарентен и да ја информира јавноста дали таа личност е вработена во институцијата, во каква постапка и зошто е токму таа избрана за таа позиција“, вели Грковска за ДВ.
Ако вицепремиерката Грковска не добие одговор од МНР, таа е должна да преземе мерки согласно етичкиот Кодекс.
Засега одговор од МНР нема.
Јавноста очекува одговори,но за премиерот Ковачевски, случајот со Ејупи е „шовинизам кон жените“.







