Братот на Премиерот Зоран, Вице Заев реагира во врска со објавата на медиумите за фирмите отворени во Бугарија од страна на фамилијата на премиерот Заев.
Во врска со информациите на опозицијата и дел од медиумите дека фирмите во Петрич Бугарија се во корелација со бизнисот со рудникот Иловица братот на премиерот со реакција која интегрално ја пренесува доказ.мк.
“Нека го праша Мицковски за нивните фамилијарни фирми во Бугарија и кога тој ке одговори тогаш и ние ќе одговориме.
Имено споменатите фирми се вон функција од оправдани причини а причината за нивно отварање е приблизување кон ЕУ пазарот по захтев на деловните партнери во спротивно се губи бизнисот. Ете тоа е било намерата но за жал не успеавме да реализираме ништо и работењето на фирмите ниту започнало ниту тече некаква активност. Наспроти тоа фамилијарните фирми на Мицковски функционират непрестано години наназад и огромни суми на пари се вртат во кеш форма. Според тоа ако некој сака искрено ама искрено да го истражи работењето нека го истражи и објави на сите фирми без пардон. Ова е вистината”, се вели во реакцијата на Вице Заев која ја пренесува порталот Доказ.

Вице Заев одговара на објавата на пресот на ВМРО-ДПМНЕ:
“Премиерот Зоран Заев и неговата владејчка СДСМ четири дена избегнуваат да дадат оговори за која намена се формирани трите фирми на Заеви во еден стан во градот Петрич во соседна Република Бугарија”, посочи во саботата на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски кој упати низа прашања до премиерот Заев:
– Дали споменатите фирми се формирани за да добијат бизнис од рудникот Иловица за чиешто работење токму тој драстично го промени ставот во споредба со изјавите кои ги даваше пред две или три години наназад,
-Што се промени г-не Заев? Дали бизнисот со транспорт и логистика на рудата од Иловица до Петрич, бизнис тежок 10 милиони евра годишно, можеби ги промени вашите ставови?, праша портпаролот на опозициската партија.





