Вице немал контакти со Камчев, вели Заев

Во интервју за НОВА ТВ премиерот Зоран Заев вели дека името на неговиот брат Вице Заев се злоупотребува и дека тој немал контакти со бизнисменот Орце Камчев околу аферата „Рекет“ или со Сашо Мијалков, поранешниот шеф на УБК.



„Вице Заев е мојот единствен брат. Најдобро ќе биде да го прашате, но јас мислам дека мојот брат немал контаки со Камчев и со Мијалков. Можеби имал нешто по телефон, а за случаеви или нешто слично апсолуно не“ – вели Заев.