„Виц“ во „Труд“: Зошто „Бугарија бара талент“, а Македонија не?

Најтиражниот бугарски дневен весник „Труд“ во рубриката вицови објави „шега“ на сметка на западниот сосед на Бугарија, за која авторот и редакцијата веројатно мислат дека е смешна.



„Зошто ‘Бугарија бара талент’, а ‘Македонија’ не бара? – За да не се туркаат, чекаат Бугарија да го открие, а тие само да му ги најдат македонските корени“, гласи „вицот“ во весникот што излегува од 1936 година.