Премиерот Заев утрово бил во историското Вевчани каде на локалниот пат бил пречекан од пароли на локални жители.
“Вевчани и регионот добија туристички центар според стандардите на најмодерните европски општински средини, со кој се овозможува промоција и развој на туризмот не само на Вевчани, туку и на целиот регион, пишува Заев за објектот на некогашното училиште „Страшо Пинџур“ во Вевчани, кое станува мултифункционален Туристички центар.

Локални жители пак велат дека Заев не смее да се фали со проект кој го започнало ВМРО-ДПМНЕ а чие целосно довршување не може да се заврши затоа што локалната власт се противи дел од обновата на целиот објект да ја врши фирма која се етикетира како проопозициска.
“Утрово Вевчани, немиен, го посети 🤡 Зоран Заев. Само не знам со кој сурат дојде во Вевчани?!
👮Оној Заев кој на карневалот ни испрати над 200 специјалци наоружани до заби.
📜Вевчанци го пречекаа со порака.
✍️Казната следува на 17 октомври 2021”, објавува Вевчанецот Ѓорѓи Влајнкиновски користејќи ги хаштазите:
#ВевчаниПамти #ВевчаниКазнува
Утрово Вевчани, немиен, го посети 🤡 Зоран Заев. Само не знам со кој сурат дојде во Вевчани?!
👮Оној Заев кој на карневалот ни испрати над 200 специјалци наоружани до заби.
📜Вевчанци го пречекаа со порака.
✍️Казната следува на 17 октомври 2021.#ВевчаниПамти #ВевчаниКазнува pic.twitter.com/rWLJLyfYWH— Ѓорѓи Влајнкиноски 🇲🇰 (@gjorgjiVV) August 29, 2021






