Вевчанецот Ранко Србаковски за кого децата со аутизам треба да се извор на човечки органи се соочува со затворска казна од 5 години.
Според екс обвинител кого го консултираше expres.mk Србаковски преку социјалните мрежи го прекршил членот од Кривичниот законик кој забранува навреди за било кое маргинализирано лице а најмалку лице со попреченост.
Вевчанецот кој важи за апологет на СДСМ преку Фејсбук упатувал грозоморни пораки до родител на деца со аутизам и со тоа прекршил најмалку два става од членот во КЗ кој регулира говор на омраза и слични поведенија.

Активистката за правата на лицата со попреченост Бранкица Димитровска најави дека организацијата Хендикеп Плус ќе поднесе соодветна пријава против Србаковски.
,,Ти ли за преображение зборуваш и за Господ? Здружение Хендикеп Плус ке ти одговори соодветно на твоите коментари кон Зоран Мијалков”, му напиша Димитровска на Србаковски.
Извори во МВР и Јавното обвинителство велат дека и во двете институции има информации за однесувањето на Србаковски но дека него го штитат високи функционери во власта кои чекаат да видат дали граѓанското незадоволство ќе екслира пред да го гонат Србаковски.
Грозоморните пораки на Србаковски на линкот







