Вевчанецот што беше уапсен на Карневалот стана магистер по уставно право

Вевчанецот што специјалците на МВР го уапсија на карневалот за Василица пред десет дена стана магистер
од областа на Уставното право.



Ѓорѓи Влајкиноски кому МВР му поднесе три прекршочни и една кривична пријава која може да го однесе в затвор магистрирал на темата “Децентрализацијата и македонскиот систем на локалната самоуправа со посебен осврт на општина Вевчани”.

На одбраната на магистратурата на Влајкиноски врвна менторка била Проф. д-р Тања Каракамишева а членови на комисијата биле Проф. д-р Александар Спасеновски и Проф. д-р Денис Прешова.

Доколку Јавното обвинителство ја прифати Кривичната пријава за Влајкиноски тој може да помине една година в затвор.

Ѓорѓи Влајкиноски е претседател на месниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани и тој беше единствениот уапсен на карневалот во Вевчани иако стотици луѓе за време на карневалот не носеа маски и ги фотографираа учесниците.

За многумина апсењето на Влајкиноски се доживува како обид на власта да го елиминира од трката за градоначалник на Вевчани каде тој е исклучително популарен без разлика на париската припадност и се очекува да победи уште во првиот круг ако одлучи да се кандидира.

Влајкиноски кој сега стана магистер и формално најголем експерт за локалната власта во Вевчани негира дека планира да се кандидира за градоначалник на неговото родно место познато по нескротливиот дух и надалеку позната духовитост.