Владислав Панев, пратеник од владејачката Демократска Бугарија, за бугарската Нова телевизија изјави дека до крајот на јуни нема да биде кренато ветото за почеток на преговори на Македонија за членство во Европската унија.



Долгорочната цел на Скопје е да стане дел од Унијата, но не и пред исполнувањето на сите точки од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, порача пратеникот од партијата со 16 пратеници во Собранието со 240 члена.

Панев нагласи дека коалицискиот партнер Има таков народ на Слави Трифонов „е доста радикален за оваа тема“ и оти таа во моментов е затворена, зошто немало консензус.

Пратеникот на Демократска Бугарија уште наведе дека од премиерот Кирил Петков во однос на ветото за Македонија „молба или желба можеби имало, но притисок – категорично не“.