Ветено-сторено: Јапонецот Котецу ја испеа „Земјо македонска“ (ВИДЕО)

Јапонскиот оперски пејач и голем вљубеник во Македонија, Казухиро Котецу, го исполни ветувањето и по подготовката ја испеа култната патриотска песна на Македонците „Земјо македонска“.



Басот Котецу од Токиската опера, кој има гостувано во Македонската опера и балет, има испеано и споделено на Јутјуб десетина македонски песни, меѓу кои „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“, „Мој роден крај“ и „Ти се колнам“ на „големиот Јонче Христовски“, како што самиот го означи бардот на македонската народна и патриотска песна, потоа „Болен ми лежи Миле Попјорданов“, „Кога падна на Пиринa“, „Пијан идам од града“ итн.