Веста за првороденото бебе во Новата Година предизвика дебата за предрасудите кон машките и женските деца во Македонија

Веста за првороденото бебе во Новата Година предизвика дебата за односот кон машките и женските деца во Македонија.



Анализата на информациите за раѓањето на првото бебе во новата година покажува дека за многумина фактот што тоа е машко е ,,Среќен почеток на годината”, односно позитивен начин на започнување на годината, давајќи симболична надеж за успешна и среќна иднина.

Притоа автоматски се поставува прашањето дали ако бебето беше женско тоа ќе беше симболика дека годината во Македонија започнува несреќно.

Анализата на информациите за децата родени по доаѓањето на новата година даваат лажна слика и можат да бидат толкувани како позитивен сигнал за пораст во наталитетот. Во исто време овој вид на вести обично поттикнува дискусии за демографска слика и грижа за подобрување на условите за младите родители што најчесто не е точно.

Присуството на министрите за здравство и труд и социјала во болницата каде е родено првото бебе во Македонија може да покаже дека тие имаа искрено внимание за здравствените и социјалните проблеми и за порастот на наталитетот.

Коментарите за полот на бебето од страна на министерот за здравство Фатмир Меџити додатно за некои граѓани дава елемент на оптимизам зс реализацијата на сериозни здравствени проекти што исто така не мора да е точно.

Изјавите на министерката за труд и социјала, Јованка Тренчевска, даваат слика на посветеност кон подобрување на условите за работа и плати како стратегија за задржување на младите во земјата и спречување на предвидувањата за демографска негативна слика.

Во целост, овие информации ги истакнуваат различните спротивставени погледи на животот, здравјето и општествениот развој во Македонија.

Во суштина информациите дали првороденото бебе е машко или женско создава уште еден конфликт во Македонија овој пат на база на половите разлики.