Весна Дамева повторно е на чело на Судски совет

Весна Дамева повторно е на чело на Судскиот совет, откако Управниот суд со пресуда  ја поништи Одлуката за нејзиното разрешување од претседателската позиција што Судскиот совет ја донесе во мај минатата година. На итна седница на Судскиот совет актуелниот претседател Сашко Георгиев поднесе оставка од позицијата по негово сопствено барање, а како втора точка на дневниот ред се постапи по пресудата на Управниот суд. Заменик-претседателот на Судскиот совет Ханиф Зендели рече дека нема да расправаат по одлуката на судот, односно дека со поништувањето на разрешувањето на Дамева, на сила е претходната одлука со која таа е избрана за претседател на Судскиот совет. Зендели најави дека со следната седница ќе претседава Дамева, која ќе одлучи кога таа ќе биде закажана и со кој дневен ред.