Весна Бејби Петрушевска, со видео објава на Фејсбук реагира на високите сметки на струја:
„Слушам се жалите поради сметките за струја. Да ви кажам, мене едната ми е 14 000 денари, другата 18 000 денари. Знаете кога ќе им ги вадам јас сметките другпат од вода? Кога јас ќе се фрлам во Вардар, па нека ме вадат ЕВН оттаму. Навистина се ненормални“ вели Петрушевска во видеото, пренесоа медиуми.
Шокирана од висината на нејзините сметки, таа вели дека „човек не знае што да прави кога ќе ги види тие сметки“.
„На крај мора да платиш. Рекетари едни“ додава на крајот Петрушевска.







