Весела Математика: Бислимовски се збуни себе си и сите други (ВИДЕО)

Во стилот на покојниот Амди Бајрам кој зборуваше за 102,5 проценти претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимовски го објаснуваше зголемување на цените на струјата за домаќинствата.



Тој на прес конференција изјави дека поскапувањето за 14,8 % на струјата за домаќинствата ќе значи поскапување од 250 денари ако сметката им била 1800 денари.

Во исто време Бислимовски вели дека тие што плаќале 2000 денари сега ќе плаќаат по 2800 што нема никаква логика ниту правда.

Зошто некој би платил 800 денари повеќе ако троши само 200 денари повеќе од тој со сметка од 1800 денари Бислимовски не објасни на прес конференцијата.