Помошникот државен секретар на САД за европски и евроазиски прашања, Вес Мичел следниот месец ќе ја напуштаи функцијата, објави „Вашингтон пост“.
Мичел(41) беше еден од најголемите поддржувачи на договорот од Преспа и беше во посета на земјава.
Тој лобираше за евроатлантските на Македонија, а оствари средби со премиерот Заев и министерот за надворешни работи Димитров, во периодот кога се решаваше спорот за името на нашата земја со Грција.
Функцијата во администрацијата на Трамп ја презеде во септември 2017-та година.
Во писмо до државниот секретар Помпео, тој веќе ги навел причините за оставката, посочувајќи дека се повлекува поради лични и професионални причини.





