Поранешниот разузнувач и актуелен советник на премиерот Зоран Заев за безбедност,Зоран Верушевски не се појави како сведок на денешното за случајот „Таргет и Тврдина“..
„Станот е постојано затворен, оставено е известување во сандаче, но сведокот не се јавил, рече судијката Џанета Бегтовиќ.
Таа појасни дека поканата била испратена и на работното место на Верушевски, односно во Владата, но нема потврда дека лично ја примил поканата.
Од МВР ќе биде побарано информација дали Верушевски ја сменил адресата на живеење, за да го поканат на следното рочиште на 23 септември, јавува „Фокус“.





