Поранешниот директор на УБК Зоран Верушевски бара отштета во висина од 71.000 евра од државата за 344 дена поминати во притвор за случајот Пуч, дознава СДК.МК.
Тој во 2015 година, откако почнаа да се објавуваат бомбите, беше веднаш притворен, со обвинувања првин за неовластено поседување на службениот пиштол, а потоа и за велепредавство и за шпиунажа.
За оружјето беше ослободен, а обвинението за „Пуч“ го повлече Катица Јанева. Така тој и сопругата Соња Верушевска стекнаа право за отштета од државата.
Неговата сопруга бара отштета во друга постапка во Основниот суд Скопје 2.
Заменикот правобранител на денешното рочиште не го оспори законскиот основ за барањето на Верушевски, туку износот, пишува СДК.МК.





