Верижна сообраќајна несреќа помеѓу три возила вечерва се случи на крстосницата пред зградата на Владата, а еден од учесниците во сударот наводно бил и министерот за финансии Фатмир Бесими, објави Телма.
Како што пренесе телевизијата, на местото на настанот веднаш пристигнала екипа на брзата помош, но немало ниту еден повреден, а министерот веќе влегол во Владата каде што се во тек преговорите помеѓу претставниците на ССМ, владините претставници и економско-социјалниот совет, и каде што се расправа за висината на минималната плата.
Увидот е во тек.





