Нема дилеми дали е „лажна вест“ информацијата дека професорот, колумнист и познат писател Венко Андоновски, еден од потписниците на апелот на интелектуалците против Преспанскиот договор станал дел од советничкиот тим на Зоран Заев.
„До соработката меѓу мене и Владата на Република Северна Македонија дојде исклучиво по моја иницијатива. Отсекогаш и пред претходните влади сум доставувал идеи и иницијативи за подобрување на статусот на македонската култура. Така, без оглед на „левата“ или „десната“ ориентација на владата, сум давал свој професионален прилог за сочувување на македонскиот јазик и литература, изјави Венко Андоновски за „Фокус.
Андоновски порача дека за него е најважно да се остварат двата проекта и како што додаде, тие се од интерес за македонската култура.
„Се разбира дека не сум „најкадарниот“ за советник за култура во оваа држава. Но, внимавајте: јас лично предложив две авторски (мои!), патентирани идеи за два проекта пред Владата (како што сум правел и порано). Освен тоа, не сум „советник за култура“, туку „надворешен советник од областа на културата“, со времено ангажирање (до Нова Година), и тоа само за тие два проекта. И уште нешто: се појавија шпекулации дека, покрај платата, земам баснословен хонорар за тоа место.
Таа сума е 40.000 денари. Но, јавноста треба да знае, дека откако ја примам таа сума како хонорар (без платено здравствено и пензиско осигирување), јас, по сопствено барање за неплатено отсуство, не примам плата од мојот Филолошки факултет, каде инаку сум редовно вработен. А
ко овој податок се објавеше, јавноста немаше да ме обвини дека сум виновен за невработеноста на културните кадри во Македонија и немаше да смета дека „држам две места“. Вистината е дека средствата од мојата плата се враќаат во буџетот на државата и дека со нив може да се вработи некој (времено, додека не се вратам и јас на своето работно место).
Мене ми е единствено важно во овој случај да ми се остварат двата проекта. Од интерес за македонската култура, не од личен интерес„ве4ли Андоновски за Фокус.





