Венецуела застана зад Путин

Русија е на чело на напорите да се создаде нов светски поредок и да се спротивстави на проширувањето на НАТО, изјавил министерот за надворешни работи на Венецуела Карлос Фариа, цитиран од ТАСС.



„Доминацијата на САД веќе не е апсолутна. Се раѓа нов свет и Русија е на првата линија во оваа борба против непромислените политики кои ја загрозуваат безбедноста на Русија и европскиот мир со промовирање на неонацистичката влада во Киев и нејзината политика на геноцид“, ртече тој, какошто пренесоа медиуми.

Иран и Венецуела потпишаа 20 годишен дгоговор за соработка, двете земји се под американски санкциии

Русија и нејзиниот претседател Владимир Путин ја водат оваа борба во име на хуманоста, против терористичката и непријателска алијанса позната како НАТО, рече Фарија.

Тој изјави дека Каракас е за свет на мир, безбедност и соработка кој го почитува правото на самоопределување.

„За да ги постигнеме овие цели, ќе работиме заедно со Руската Федерација и сите народи и влади кои ги споделуваат овие принципи.

Ова е итна работа и мора да се реши пред империјалистичките аспирации на Соединетите Држави да го стават човештвото во уште поголема опасност“, инсистираше на дипломат.