Претседателот на Венецуела Николас Мадуро најави дека минималната плата во земјата ќе се зголеми за 60 пати .
Мерката која ја најави претседателот е обид на земјата да се справи со хишер-инфлацијата која на годишно ниво може на достигне 1 милион насто.
Денес во Венецуела држава се прави деноминација на валутата, со која од националната валута „боливар“ се отстрануваат 5 нули, а најголема банкнота ќе биде 500 боливари.
Новиот боливар ќе биде врзан за цената на нафтата, главниот извозен производ на оваа богата со нафта латиноамериканска држава.





