Венецијанската комисија смета дека е најдобро да се организираат избори по престанокот на вонредна состојба, открива професорката Тања Каракамишева Јовановски.
Тоа практично значи дека ако нема продолжување на вонредната состојба што претседателот Пендаровски ја продолжи на 16 април и е во сила најрано до 16 мај предвремените закажани избори треба да бидат одржани најрано на 16 јули оваа година.
Со оглед тоа што недела е 19 јули тоа би бил терминот во кој треба да се одржат македонските парламентарни избори.
Каракамишева открива дека Венецијанската Комисија позитивно ги оценила уставните одредби на Грузија каде е утврдено дека поволно е избори да се организираат 60 дена по вонред. состојба.
Оценките на комисијата за една држава најчесто важат и за други држави за исти прашања.
Јули и август се сметаат за месеци во кои поради високите температури, одмори и други големи миграции на населението не се препорачува одржување на избори што значи дека Македонија ако ги следи препораките на Венецијанската комисија избори може најрано да одржи во септември.
Венецијанската комисија дава одговор и на прашањето кога е најдобро да се организираат избори по престанокот на вонредната состојба. Комисијата позитивно ги оценила уставните одредби на Грузија каде е утврдено дека поволно е избори да се организираат 60 дена по вонред. состојба. pic.twitter.com/txrUmMMbhC
— Тања Каракамишева Tanja Karakamisheva (@TKarakamisheva) April 21, 2020





