Акушерското одделение на Општата болница во Струмица бара од родилките да донесат извод од венчаните, а како „доказ“ за тоа на социјалните мрежи се споделува фотографија од известување залепено на врата.
„Пациентките кои доаѓаат на Акушерско одделение за породување задолжително со себе да донесат извод од венчаните“.
„Ова барање е невообичаено затоа што се поставува прашањето што доколку родилката не е венчана или парот живее во граѓански брак, а корисниците на социјалните мрежи прашуваат дали во тој случај родилката ќе биде породена, пишува „Фокус“.





