Владата на денечната седница го разреши директорот на Бирото за јавна безбедност(БЈБ), Лазе Велковски, но на седница не е избран негов наследник.
Како што се дознава, за избор на нов директор на БЈБ ќе биде одлучено на некоја од наредните седници.
До изборот на нов директор, со Бирото за јавна безбедност ќе раководи актуелниот заменик директор на БЈБ, Бесир Деари.
Премиерот Заев вчера изјави дека доколку Велковски биде разрешен, тој ќе остане и понатаму вработен во МВР.
„Неговото искуство е од помош на државата и таа треба да го користи тоа искуство“, рече Заев според кој Велковски направил грешка и за тоа треба да сноси одговорност.
Барањето за разрешување на првиот човек на Бирото за јавна безбедност (БЈБ) доаѓа откако пред десетина дена во јавноста се обелодени дека ќерката на Велковски патувала со службено возило на МВР до едно туристичко место во Грција.
Првично полицијата информираше дека возилото на полцијата имало службен налог за патувањето.





